Македонија
2. October 2020 - 19:52

225 новозаразени со Ковид - Скопје, Куманово и Кочани на врвот на листата

Загрижувачки 225 новозаразени со Ковид-19 во земјава. Ова е втор најлош резултат откако почна коронакризата во државата да бидат регистрирани рекорден број новозаболени во еден ден.

Според Институтот за јавно здравје од тестирани 1694 лица позитивен тест добиле 13,2 проценти.

 6 пациенти ја загубиле битката со вирусот во болнички услови. Од нив тројца биле од Скопје и по еден од Тетово, Прилеп и Битола на возраст од 59 до 73 години.

Според ковид статистиката најголем број заразени има во Скопје 96.

Континуирано висок број на ново зарзаени има во Кочани каде изминатово деноноќие се регистрирани 17 нови случаи.

Потоа Тетово со 15 и Струмица и Берово каде исто така се двоцифрени бројките.

Во главниот град со најголем број заразени е општината Аеродром каде има 142 активни случаи , патем оваа општина е и со најголем број жители.

Втора општина на листата активни случаи е Центар со 127 и Карпош со 111.

Ваквата ковид статистика во државата ги  поттикна надлежните  повторно да преземаат рестриктивни мерки.