Македонија
30. November 2022 - 14:35

224 мртви на милион возила - Загрижувачки бројки за смртни случаи во сообраќајни несреќи

Загрижувачки бројки за бројот на сообраќајни незгоди со смртни случаи во земјава. Според официјалните статистички податоци, бројот на смртни случаи кај нас е 4 пати повисок од просекот во Европската Унија. 

Ако во Унијата лани имало во просек 52 починати на 1 милион регистрирани возила, кај нас бројката е 224 мртви на милион возила. 

Бројките од година во година се намалуваат, но далеку сме од просекот во Унијата. Како главни причини за несреќите се брзото возење, непочитување на сообраќајните знаци, неправилно движење и вртење, како и возење под дејство на алкохол.