Македонија
6. May 2021 - 11:08

22 прекршувања на забраната за движење

Од 23.00 часот (05.05.2021) до 05.00 часот (06.05.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (05/06.05.2021) пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 508 прекршоци.  

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.