Македонија
1. September 2021 - 15:23

22-годишното момче кое почина од Ковид пред да оди на лекар бил на свадба

Дваесет и двегодишниот пациент, кој во вчера беше регистриран како најмладиот пациент што починал од ковид за тоа деноноќие, најверојатно, се заразил на свадбена веселба, пишува „360 степени“.

Пациентот не бил вакциниран и немал хронични заболувања, но во исклучително тешка состојба е примен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, велат од Министерството за здравство за „360 степени“.

„Пред да побара болничко лекување, четири дена бил со висока температура. Во епидемиолошката анкета стои дека 10 дена пред лекарскиот преглед бил на свадба“, велат од Министерството за здравство.

Ново на Сител