Македонија
24. January 2019 - 11:57

22-годишно момче побегна од затворот во Охрид - полицијата успеа да го пронајде

 Кумановската полиција вчера го уапсила 22- годишниот Љ.М.,  кој бил баран по потерница од казнено-поправата установа Охрид, соопшти денеска СВР Куманово.

-По преземени мерки и активности од СВР Куманово, на 23 јануаир, во 16.15 часот, од слобода е лишен Љ.М. (22), кој се бараше по Потерница од Казнено-поправната установа Охрид-се наведува во соопштението на СВР Куманово

Љ.М. бил осуден на пет години и девет месеци затворска казна за сторени кривични дела од областа на имотни деликти, а на 12.декември минатата година, било  пријавено  дека избегал од Казнено-поправната установа Охрид