Македонија
10. March 2021 - 15:57

22-годишен скопјанец украл пари и вредни предмети во вредност од 56.000 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“.

Тој, во периодот од 24.02.2021 до 06.03.2021 со употреба на физичка сила и погоден алат во осум патнички моторни возила паркирани на улиците „Гоце Делчев“, „Ристо Чадо“ и „1-ва МУБ“ во Охрид одзел пари и други вредни предмети, а од гаража извршил кражба на велосипед.

На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 56.000 денари.