Македонија
10. December 2020 - 16:13

22-годишен скопјанец нападнат од три лица

На 07.12.2020 во 15,30 часот во Полициска станица Центар, Ф.Н.(22) од Скопје, пријавил дека на 28.11.2020 околу 02.30 часот пред сендвичара на бул. “Партизански одреди“, додека бил заедно со неговите пријатели М.П., Н.Ј. и С.Ј. бил физички нападнат од С.Р.и други две лица, соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.