-->
-->
219 санкционирани возачи во Скопје, 18 за возење без возачка дозвола
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 10 за непочитување на брзината на движење, 9 санкции за возење под дејство на алкохол, 8 за минување на затворен семафор (црвено светло), 10 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 18 за користење на мобилен телефон. Изречени се и 62 мерки за непрописно паркирани возила и 13 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор