Македонија
6. November 2016 - 22:39

21 конгрес на СДСМ во Александар Палас - Усвоена кандидатската листа

Долгогодишните пратеници на СДСМ, Зоран Заев ги замени со членови на Шарената револуција. Со 597 гласа ЗА, еден против и 24 воздржани, конгресот на СДСМ вечерва ги усвои кандидатските листи за пратеници за изборите на 11 декември. Изборните единици ќе ги предводат стари и компромитирани кадри, а место на листите на СДСМ има и за предводникот на Шарената револуција Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум, а најголемо изненадување е изборот на Сашко Поцков од Гевгелија кој е сват на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Првата изборна единица ќе ја предводи Стево Пендаровски, втората Оливер Спасовски,  а третата Љупчо Николовски. Лидерот на партијата Зоран Заев ќе ја бара довербата во 4-та изборна единица, заменик-претседателката Радмила Шеќеринска во 5-та, а портпаролот Петре Шилегов во 6-та изборна единица.

Усвојувањето на кандидатските листи помина со многу критики и отворени несогласувања во редовите на СДСМ, кои резултираа со оставки и напуштање на партијата, бидејќи приоритет им се даде на Соросоидите кои целосно ја превземаа партијата. Се погласни се коментарите во јавноста дека со денешниот конгрес СДСМ потврди дека стои зад уништувањето на спомениците во Скопје кои цела година ги бојадисуваа Шарените, потврди дека ќе се бори за двојазничност во целата држава и дека луѓе од подземјето и криминалот им се главен приоритет.