Македонија
10. July 2016 - 16:39

21 година од геноцидот во Сребреница

14 годишниот Авдија Мемиќ е најмладата жртва од масакрот во Сребреница чии останки утре ќе бидат закопани во музејот во Поточари. Неговите, заедно со посмртните останки на уште 126 убиени во 1995-та попладнево со конвој пристигнале во Поточари. Најстарата жртва која утре ќе биде закопана во музејот во моментот на смртта имала 77 години. На одбележувањето на 21-годишнината од геноцидот во Сребреница населението повикува на смиреност и оддавање почит кон жртвите.

Во знак на солидарност и сплотување босанската заедница во Македонија ДЕНЕСКА оддржа почесен марш кој почна од Старата скопска чаршија а заврши кај Камениот мост.

Босанската заедница во Македонија вели дека нема да судат и обвинуваат кој и зошто го има извршено злосторството но нема да дозволат да се заборави или повтори.