Македонија
5. јуни 2023 - 16:37

21 година ДУИ со две одвоени прослави

Уставните измени мора да поминат а за тоа е потребно помирување помеѓу сите политички субјекти.

Оваа порака ја испрати Ахмети од 21виот роденден на ДУИ посветен на Европскиот фронт. Ахмети вели дека е оптимист дека по измени на Уставот, амедонија може да стане членска на Европската унија за 3-4 години. Порака испрати и до ВМРО-ДПМНЕ – да не ја прават истата грешка како со Преспанскиот договор.

Уставните измени се превземена обврска без која Македонија нема да напредува на европскиот пат беше ставот и на сите учесници на панел дискусијата кои седеа покрај Ахмети.

Сепак, поранешната министерка за одбрана Шеќеринска вели дека треба да се има разбирање и за оние кои се против измени на Уставот, бидејќи овие граѓани не се против Унијата, туку стравуваат дека ова нема да биде последната пречка.

 Тезата дека нема алтернатива по мене не функционира. Многумина кои ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани кои велат не. Во главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето кои се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека после тоа ќе има нови барања“ вели Шеќеринска и додаде дека тие им должат на овие граѓани. „Ако молчиме тогаш и ние сме соучесници“ предупреди таа.

Истовремено со ДУИ, само во Тетово, партискиот роденден го одбележаа и огнените.