Македонија
10. July 2020 - 15:12

205 нови случаи на Kовид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7777,  бројката на оздравени пациенти е 3960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3449. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3716, активни 1871
•       Куманово 831, активни 164
•       Дебар 137, активни 76
•       Штип 421, активни 161
•       Прилеп 291, активни 59
•       Тетово 844, активни 324
•       Струга 300, активни 147
•       Велес 201, активни 38
•       Битола 68, активни 27
•       Охрид 219, активни 133
•       Кавадарци 23, активни 15
•       Гостивар 211, активни 128
•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 19, активни 11
•       Крива Паланка 18, активни 8
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 9, активни 5
•       Кочани 76, активни 16
•       Пробиштип 32, активни 20
•       Демир Хисар 5, активни 4
•       Македонски Брод 8, активни 6
•       Пехчево 6, активни 2
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6, активни 0
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 5, активни 2
•       Свети Николе 88, активни 81
•       Кичево 65, активни 56
•       Ресен 132, активни 87
•       Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1728 теста се преку: ИЈЗ-775, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-208, Биотек-161, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори) -233, Систина со PCR метода -131, Судска медицина -21, ЦЈЗ Битола-44. Досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. 

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 323
•       Аеродром - 162
•       Бутел - 146
•       Гази Баба - 200
•       Центар – 146
•       Карпош – 147
•       Сарај – 128
•       Кисела Вода – 108
•       Ѓорче Петров – 107
•       Студеничани – 116
•       Шуто Оризари – 86
•       Арачиново – 45
•       Илинден – 31
•       Петровец – 17
•       Чучер Сандево – 16
•       Сопиште – 8
•       Зелениково- 13
•       Странец – 5
•       Нераспределен- 67