Македонија
4. March 2021 - 21:28

2020 година со рекордна смртност - Колку луѓе починале од Ковид-19?

Црна статистика за 2020 каква што Македонија не памети покажуваат податоците на ДЗС. Пандемијата го зголеми бројот на смртни случаи за 25 проценти. Минатата година имало 25.049 смртни случаи што е за 5.000 повеќе од просекот во претходните години. Само последното тримесечје од октормври до декември починале 9.465 граѓани што е рекорд.

Демографот Дончо Герасимовски смета дека белата чума е одамна присутна, но сепак вакви бројки се сериозна причина државата да го вклучи алармот. Дополнителен проблем според него е природниот прираст кој лани е намален за 6.176.

Според податоците на ДЗС од 2012 до 2019 бројот на смртни случаи се движел од 19.000 до 20.500.

Неспорно е дека најголем дел од зголемениот број на смртните случаи се резултат на ковид вирусот, но здравствените експерти сметаат дека влијание може да имаат и други фактори.

Од тие причини апелира институциите најитно да овозможат вакцина за имунизација на населението за да не се повтори оваа црна статистика и во 2021г.

Проф. Пановски вели дека статистиката на крајот покажала дека реални се смртните случаи од Ковид-19 бидејќи во сите земји е зголемена смртноста.