Свет
31. December 2018 - 13:30

2019 пристигна во Австралија: Спектакуларен огномет во Сиднеј

Австралија ја дочека Новата година , која прва пристигна на островите во Тихиот Океан, на Карибати , Самоа и Фиџи. Австралијанците овој дочек ќе го паметат и по силните дождови и невремето , кое ја зафати земјата на неколку часа пред дочекот на 2019.

Илјадници се собраа на спектаклот во Сиднеј , каде традиционално од мостот во пристаништето беше испукан прекрасен огномет.

Во прашање било доведено дури и организирањето на аспектакуларниот огномет во Сиднеј , кој бил зафатен од силно невреме со молњи и грмотевици.