Бизнис
3. January 2016 - 16:58

2015 најдобра инвестициска година

Триесетина инвестиции со најава за отворање над  17.000 работни места. Тоа е епилогот од трката по инвеститори во 2015 година. Според експертите, тоа беше најдобрата година за Македонија на инвестициски план.

Со работа почнаа веќе почнаа поголем  од овие компании, а дел од нив ги потпишаа договорите за инветсирање и се подготвуваат за производство.

ОДВ Електрик во Охрид, почна со работа во посеточеки објект и со градба на фабриката во зоната. Во браунфилд хала работи и КСС во Кичево, а новата фабрика ќе биде готова до лето.

Произвдството почна во италијанската Диатек,  во Техникал Текстајл во Штип како и во втората фабрика на Технохозе. Гентерм во Прилеп почна со вработување за фабриката која ќе биде готова до март.

Фабрика гради и американски Леар во зоната во Тетово, а производтсвто го почна во стар објект во Гостивар стар погон во Гостивар. Маркард во Велес, Антура и Амфенол во Кочани и   Капкон во Скопје исто така почнаа со произвдство.

Уште неколку компании веќе потпишаа договори и се подготвуваат за старт со работа во оваа година.  Американската Делфај ќе инвестира во зоната во Скопје, Џонсон Контролс го потпиша договорот за втората фабрика во земјава, во Струмица. Германски Костал се подготува за инветсицијата во охрдската зона.

Германски Акомпласт во Прилеп овој месец ќе почне со грдба на фабриката, италијански Кондево гради објект во зоната во Штип, а за инветсицијата се подготува и Монтанте груп од Италија. Договори за реализација на инвестиции во зоните имаат и првите две домашни компании. Хајтек и ТТ пласт кои заедно ќе вработат 500 лица.

Трендот ќе продолжи. Веќе е најавено дека до 15 јануари ќе бидат објавени уште неколку нови инвестиции, а една од нив ќе се реализира во Велес каде ќе има работа за 1000 луѓе. Очекувањата се дека годинава во земјава ќе има 35 нови инвестиции.