Македонија
21. December 2015 - 19:57

2000 нови вработувања и поголем профит за компаниите – Швајцарски грант вреден 6,25 милиони франци за младиот бизнис

Над 2000 работни места и зголемување на приходот на повеќе од 1000 мали и средни претпријатија. Ова е целта на проектот за ”Зголемување на пазарната вработливост ”   кој државата ќе го спроведува  во наредните 4 години,  во соработка со Швајцарската конфедерација. Ќе се работи на промени во туризмот преку збогатување на туристичката понуда. Дизајнирање на нови производи за домашниот и светските пазари, како и зелената економија преку енергетски ефикасно градежништво и стимулирање на органското земјоделство.

- Проектот со методологијата за системски развој на пазарот се надополнува со економските програми на Владата насочени кон зголемување на економскиот раст и вработувањето, внесување иновации, забрзан технолошки развој и подобрување на конкурентноста на македонските компании, рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на денешното потпишување на меморандумот за соработка за програмата со в.д. амбасадорката на Швајцарија во Македонија Катарина Штокер.

Швајцарската амбасадорка во Македонија истакна дека со проектот ќе им се олесни пористапот на компаниите до меѓународните пазари. Полесно ќе дојдат до финансии, и ќе се обезбеди нивен раст.

- Целта е да се создадат повеќе можности за постојано вработување  или самовработување особено за млади и за жени и тоа треба да се постигне со систематско развивање на пазарот. Треба да резултира и со зголемен пораст на приватниот сектор, 

Се очекува нето приходите на повеќе од 1000 компании кои ќе се вклучат во програмата да се зголемат  за 1,5 милиони евра до 2019та. Проектот ќе се реализира со грант од Швајцарската конфедерација, во износ од 6,25 милиони швајцарски франци.