Фудбал
29. October 2015 - 11:50

200 денари блок влезници за дуелите со Црна Гора и Либан

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди цените на билетите за пријателскиот двомеч против Црна Гора и Либан.
 
За натпреварите кои ќе се играат на арената "Филип Втори", каде ќе бидат отворени само Северна и Јужна трибина, љубителите на фудбалот ќе може да купат блок билет (влезница за двата меча) по цена од 200 денари.
 
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 2 ноември, и тоа во продажната мрежа на МкТикетс.
 
Прв противник на Македонија во овој термин на ФИФА ќе биде Црна Гора на 12 ноември, а пет дена подоцна ќе ни гостува Либан. На овие натпревари ќе дебитира новиот селектор на националниот тим Игор Ангеловски.