Loading Video...
Свет
3. May 2019 - 22:07

20 Срби повредени во судири со косовските специјалци во општината Штрпце

20 Срби  завршиле со повреди во судири  со припадници на косовската специјална полиција Роса  во општината Штрпце во јужниот дел на Косово.

Инцидентот се случил поради градење на мини хидроелектрана.

Полицијата употребила палки и солзавец кон групата Срби  кои се обиделе да спречат багери да стигнат до местото каде што е планирано да биде изградена  мини хидроелектраната. 

Во Штрпце претежно живеат Срби.