Бизнис
8. јуни 2019 - 16:29

20 проценти повеќе насади со тутун во струмичко во споредба со лани

Површините со тутун во струмичкиот регион оваа година ќе  бидат зголемени . Благодарение на поволните временски услови за оваа култура сеидбата е речиси завршена. Засадени скоро 95% од планираните површини кои се зголемени за околу 20% во однос на лани. Од здружението на туто производители Басмак велат,  на почетокот од новата сезона биле подигнати помалку евидентни листови споредено со минатата , но поволните услови  и успешната сезона која помина без проблеми во откупот и добри просечни цени придонеле тутуно производителите да ги зголемат површините.

,, Навремено се дадоа субвенциите и ги мотивираа самите производители бидејќи не е мала сума од 90, 80, 70 и 60 денари субвенција. Значи просечно околу 70 денари на килограм им дојде, тоа ги поттикна и се засади. И самата цена, иако ланската година имавме малку по неквалитетен тутун, сепак успавме да дојдеме до просечна цена од 215 денари од килограм.,, вели  Марјан Трајков, Здружение на тутуно прозиводителу на БАСМАК Василево 

Минатата сезона во струмичкиот регион беа произведени околу 2 милиони килограми суров тутун кој беше откупен по просечна цена од 210 денари. Врз основа на посадените површини и   доколку временските услови бидат поволни оваа година се очекува производството од засадените 1200 хектари да тежи помеѓу 2 милиони и 400 и 2 милиони и 600 килограми тутун.