Македонија
10. October 2020 - 16:42

20 пациенти чекаат на ред на листата за соодветен донор на срце

61-годишниот Данијел Тодоровски од Скопје  година и пол живее со вештачко срце. Од тогаш, вели тој животот многу му се променил. Посебниот режим на исхрана и долгите прошетки му се секојдневие.  Според него, најважно е да прифатиш дека живееш со машина во себе.

Ваков начин на живот исто толку време  води и 44 годишниот Насер Мустафи од Тетото. За него секој момент е важен но и ризичен, особено во време на пандемија, вели тој. 

14 членови на здружението „Храбро срце“ живеат со вештачко срце и сите се на листа пациенти кој чекаат соодветен донор. Најмладиот пациент има 28 години. Во услови на корона пандемија тие денеска во помал број го одбележаа европскиот ден на органодарителството.