Македонија
17. October 2020 - 21:16

20% од интервенциите на Брзата помош во Скопје се поврзани со Ковид-19

Повеќе од 20 пациенти со коронавирус секој ден транспортира скопската Брза помош. Дел од нив имале потреба за специјалистички преглед, други пак неопходна хоспитализација на инфективната клиника или во “ГОБ 8” септември поради влошување на состојбата. Високите бројки на позитивни на Ковид-19 последната недела го зголемија и бројот на интервенции на екипите од Службата 194.

-Зголемен е бројот на јавувања на телефоните на Брза помош. Кај некои интервенираме, кај некои советуваме. На дневно ниво имаме 100 до 120 интервенции од кои над 20 се кај Ковид позитивни пациенти, изјави д-р Елена Карева Пиловска, спец.психијатар и шеф на смена во ИМП-Скопје.

Пациентите со Ковид- најчесто се жалеле на покачена температура и отежнато дишење.

- Најчесто се работи за повозрасни пациенти со други коморбидитети. За зголемена температура, отежнато дишење... додаде д-р Карева Пиловска.

Видеа од Македонија