Македонија
13. May 2020 - 12:14

20 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-12, Прилеп-7, Тетово-3, Кавадарци-1, Пехчево-1.

Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.

Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1694, бројката на оздравени пациенти е 1229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370. Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 579, активни 129
•       Куманово – 410, активни 46
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип-35, активни 2
•       Прилеп –184, активни 56
•       Тетово – 121, активни 58
•       Струга – 67, активни 4
•       Велес – 109, активни 50
•       Битола –23, активни 4
•       Охрид –15, активни 0
•       Кавадарци – 5, активни 0 
•       Гостивар –19, активни 4
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 2, активни 0
•       Крива Паланка- 6, активни 2
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 31, активни 5
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 2, активни 0
•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)       
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод - 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 1
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -1, активни 1
•       Виница – 2, активни 0
•       Кратово-2, активни 2
•       Берово-1, активни 1

Направените 309 теста се преку: ИЈЗ –161, Ветеринарен ф-тет -16, Авицена –13, Биотек -24, Филип Втори (Жан Митрев) –40, Систина со PCR метода  -36 и МАНУ -19.  Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно хоспитализирани 38. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.