Македонија
15. October 2018 - 16:18

20 конгресмени бараат од Заев почитување на волјата на граѓаните

Изразувајќи честититки за големото мнозинство гласови “ЗА” на референдумот за промена на името, Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД преку писмо побарала од Премиерот Зоран Заев да ја потврди волјата на гласачите за

нивните аспирации за членство во НАТО и ЕУ. Во писмото тие упатиле охрабрување за пристапување кон уставните измени кои се неопходни за спроведувањето на Договорот од Преспа и покрај, според нив прикриените руски напори да го поткопаат Договорот.

„Демократијата не е само одржување на слободни и фер избори, туку она што се случува меѓу два изборни циклуса. Сега е време светот да ја види енергијата на демократијата во Македонија, преку потврдување на волјата на гласачите за нивно поврзување со Западниот свет“, се вели во писмото од Претставничкиот дом на Конгресот на САД.

Американските конгресмени нагласуваат дека спорот за името со Грција предолго стоел на патот на евро-атлантските интеграции кои значат придобивки за македонските граѓани, и дека е време да се стават ваквите спорови настрана, преку заложување за конечен напредок.