Македонија
29. October 2021 - 11:52

20 годишник од Скопје тешко повреден откако излетал од коловозот

На 29.10.2021 околу 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат Сопиште – Сончев град, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(20) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата С.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.