Балкан
3. April 2016 - 10:55

20 годишна девојка си го одзеде животот скокајки од осми спрат

 
20-годишната Гилај Бурсали се фрлила од својот стан на осмиот кат за да не ја силуваат нејзиниот агент за недвижнини и неговиот пријател. Манекенката од Истанбул станот го делела со момчето кое е идентификувано само како Енгин О.
 
Младиот пар ангажирал агент за да пронајдат стан каде ќе седат за викенд, а добиле клуч од прекрасен стан во Истанбул. По излегувањето, се вратиле во станот каде ги нападнал агентот за недвижнини. Тој влегол во станот тврдејќи дека мора да земе некои работи од него, а потоа направил драма. Влегол со пријател сокој го претепале момчето на сега покојната девојка, го врзале и заклучиле во соба, а потоа се обиделе да ја силуваат. 
 
Тие ја соблекле несреќната девојка но таа успеала да се оттргне од нивните канџи велејќи дека ќе скокне од прозорецот ако и се приближат. Тие не ја сфатиле сериозно и биле упорни во намерата да имаат секс со неа, па младата девојка, немајќи излез решила да скокне од одмиот кат.
 
Случајните минувачи велат дека виделе гола жена како виси од прозорецот.
 
Полицијата го испрашала и момчето за се што се случило. Била повикана од еден од случајните минувачи кои се нашле на местото на трагедијата.