Бизнис
19. November 2021 - 16:42

20 години успешна работа на фармацевтскиот гигант „Реплек“

Македонските производи од фармацевскиот гигант Реплек наскоро ќе се најдат на австрискиот пазар. Соработката меѓу двете земји се продлабочува. Планирани се капитални инвестиции каде ќе биде вклучена и австриската помош, најави раководството на компанијата, која е пример за успешна странска инвестиција во Македонија веќе 20 години.

-Реплек е компанија во која е присутен австриски капитал и е одличен пример за успешна странска инвестиција во Македонија која веќе 20 години произведува генерички лекови и извезува во повеќе од 25 земји ширум светот.Новото раководство на Реплек се залага за унапредување на соработката меѓу австриското и македонското стопанство и индустрија. За ваквата соработка постои голем интерес од двете страни, а веќе се започнати и преговори. Планираме капитални инвестиции во нашите капацитети кои ќе вклучат австриски компании, ресурси и know-how, пласман на нашите производи во Австрија како и пласирање на австриски производи на македонскиот пазар., изјави Душан Пецовски, генерален директор на Реплек.

Австрија е еден од најголемите поддржувачи на македонската економија, има голем број компании кои инвестирале и успешно работат овде, а Реплек е токму една од нив, порача австрискиот амбасадор Вуцас.  Вети дека инвестициите ќе продолжат, не само во фармацијата, туку и енергетиката, одпадните води, градежништвото, екологијата.

Инаку австрискиот амбасадор испрати порака дека неговата земја сака што поскоро земјите од Западниот Балкан да ги види во Евроспката Унија. Очекува Македонија наскоро да ги започне претпристапните преговори и да бидеме дел од големото евроспко семејство.