Спорт плус
2. јуни 2016 - 18:15

2-ра Меѓународна научна конференција „Истражувања во физичкото образование, спортот и здравјето“

 

     H

 

Во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ во Скопје, од утре до недела ќе се одржи 2-та Меѓународена научна конференција „Истражувања во физичкото образование, спортот и здравјето“. 

За оваа меѓународна конференција пријавени беа 125 трудови, од преку 200 автори од повеќе држави во светот: Македнија, САД, Франција, Белгија, Шпанија, Бугарија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Словенија, Турција, Албанија, Косово, а основна цел на конференцијата е да се поттикне понатамошниот развој на кинезиологијата како научна дисциплина.

И овојпат од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, се погрижија на едно место, да соберат врвни, докажани имиња од различни науки и научни области, доктори, професори, кои преку своите истражувања, издадени трудови, како и низ праксата, пидонесуваат за развојот на физичкото и здравствено образование, спортот, спортската рекреација, кинезитерапијата, менаџментот во спортот, кои генерално, директно влијаат врз здравјето на луѓето.

Свеченото отворање на второто издание на оваа меѓународна научна конференција која е под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, ќе биде утре (петок) од 10 часот во хотелот Континентал во Скопје.