Балкан
31. May 2020 - 17:01

2-годишно момче најмладата жртва од бомбардирањето на НАТО на Југославија

Во прегратките на својот татко Владан 31. мај 1999 година, околу 14 часот попладне, во бомбардирањето на станбена зграда во Нови Пазар, настрада две годишниот Марко Симиќ, најмладата жртва на НАТО бомбардирањето на Југославија.

Пред 20 години, двегодишниот Марко, загина од НАТО бомба во сред центарот Нови Пазар во татковата прегратка, а истовремено настрада и неговиот татко Владан!

НАТО бомба точно во 13.25 часот погоди станбена зграда во центарот на градот, месарница, продавница за авто делови и при таа прилика загинаа 11 лица од Нови Пазар, а 12 беше повредено.

Тој ден Владан и Марко се наоѓале надвор да се прошетаат, отишле до продавницата за авто делови во центарот на Нови Пазар и во тој момент кога паднала бомбата, Владан во прегратките го чуваше својот син Марко.

Можам да замислам Марко да беше жив, како ќе изгледаше денеска, како момче. Се сеќавам. Владан и јас правевме парк пред куќата, а тој трчкаше наоколу и извикуваше: И чичко ми сади трева, сака да му биде убаво, ова го изјави пред 4 години неговиот чичко, Дејан братот на Владан.

Марко денеска би имал 22 години, но за жал влезе во историјата како најмлада жртва од НАТО агресијата, која се случи 1999 година.

Имено, денеска пред точно 20 години, после многу бројни обиди и понуди да се реши косовската криза, од базата на Авијана полетаа првите борбени авиони, кои наредните 78 денови, фрлаа бомби по цивили и фабрики ширум Република Србија.

Војната интервенција на СФРЈ почна на 24 март околу 19.30 по наредбата на некогашниот генерален секретар на НАТО, Хавијер Солана, а владата во Белград истата ноќ прогласи воена состојба.