Македонија
15. јуни 2021 - 9:00

192 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територијата на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкциja, 9 за возење без возачка дозвола, 12 за управување под дејство на алкохол.

- Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 13 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три за нерегистрирани возила, 65 санкции за непрописно паркирање, соопштуваат од МВР.  

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.