Македонија
28. November 2021 - 16:02

19 починати и 333 нови случаи на КОВИД-19 во земјава

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
 
Направени се 2.547 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 152, Битола – 33, Охрид – 20, Кавадарци и Струмица – по 16, Прилеп –14, Куманово и Делчево – 10, Велес –  8, Кочани, Свети Николе и Ресен – 7, Штип – 6, Крива Паланка – 5, Тетово и Струга – по 4,  Виница –  3, Гевгелија, Демир Хисар и Крушево – по 2, Кичево, Неготино, Берово, Кратово и Демир Капија – по 1.
 
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од: Скопје – 107, Битола – 52, Прилеп – 22, Куманово – 16, Кавадарци – 15, Кочани – 13, Велес – 10, Штип – 9, Ресен – 8, Берово –7, Демир Хисар, Кичево, Неготино и Радовиш – по 6, Делчево и Кратово – по 5,Свети Николе и Гевгелија – по 4, Пробиштип – 3, Виница – 2, Македонска Каменица, Гостивар и Пехчево – по 1.
 
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица: 6 починати лица од Скопје (52г, 66г, 78г, 79г, 88г, и 91г), 5 починати лица од Битола (59г, 69г, 79г, 80г и 86),  2 починати лица од Велес (38г и 72г) и  по едно починато лице од Штип (71г), Пробиштип (89г), Кавадарци (32г), Кочани (66г), Гевгелија (58г)  и Македонска Каменица (65г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
 
Направени се 2.547 тестови преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-82, ЦЈЗ Прилеп-32, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-41, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–212, Жан Митрев (Филип Втори)-97, Авицена-75, Биотек-142, Систина-35, лабораторија Лаор-122, Синлаб-10, Ремедика-0, Плодност–48, Генеа-6, Никоб лаб-217, ВФВ Медикал-28, Ели Медика-22, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–0,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.096.
 
Досега во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројот на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547, а бројот на активни случаи изнесува 8.398.