Македонија
15. April 2019 - 19:09

19 годишно момче избодено со нож во училишен двор во Шуто Оризари

Крваво разбојништво се случило синоќа во Шутка, во дворот на училиштетеот “26 Јули”. Жртва бил 19 годишниот Меќабил Кадри, кој додека седел на една од клупите, бил нападнат од две непознати лица. Заканувајќи му се со нож, тие му го одзеле златниот ланец, а во моментите кога сакал да избега, тој добил 4 убоди со нож во грбот.

Поради сериозноста на повредите, момчето сеуште се наоѓа во болница.

Од МВР велат дека истрагата за овој случај е во тек и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е четврти регистриран случај на разбојништво на Скопје изминативе 5 дена, покажува полицискатата статика. Во петокот, на плоштадот “Скендер бег” во Скопје, две лица ограбиле 18 годишно момче од Куманово, а само неколку часа покасно во иста ситуација се нашол и 63 годишен маж од Скопје. Следниот ден пак таква судбина доживеала и 53 годишна скопјанка, на која што насилно и била одземена чантата, во која што имала пари и катртички.