Македонија
13. December 2021 - 12:06

19-годишник од Скопје со возило излетал од патот, тешко повреден е неговиот 20-годишен сопатник

Вчера во 06.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Саса-2“, патничко возило „шевролет спарк“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот, соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото М.Ч.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.