Македонија
28. January 2023 - 18:15

19 годишна кичевчанка пријавила скопски таксист дека ја допирал по телото додека ја превезувал

Девојка од Кичево во полициската станица Аеродром пријавила таксист за недолично однесување, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Во 04:33 часот вчера, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04:20 часот, додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото, појаснуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.