19 години од уривањето на кулите Близначки во Њујорк
На денешен ден во 2001 година членови на Ал Каеда киднапираа четири американски авиони и извршија истовремен напад врз неколку цели во САД.
Два од авионите удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, попознати и како „Кулите близначки“. Третиот авион се урна во зградата на Пентагон, крај Вашингтон, а четвртиот се урна во Пенсилванија, откако патниците им се спротивставиле на киднаперите. Тој ден вкупно починаа 2.983 лица.
Американците традиционално ја одбележуваат годишнината од нападот со читање на имињата на загинатите и оддавање почит со светлење на местото каде што беа уништени „Кулите близначки“. Притоа се оддава и шестминутен молк во знак на почит. Четири од тие шест минути ги симболизираат точните времиња кога четирите киднапирани авиони ги погодија „кулите близначки“, Пентагон и Пенсилванија, а преостанатите две претставуваат моментите кога се распаднаа северната и јужната кула на Светскиот трговски центар.
Церемонијата се одржува во близина на двата базена со водопади, што се изградија на местата каде некогаш беа кулите.
Кулите на Светскиот трговски центар се урнаа два часа по ударот на авионот, при што загинаа 2.606 лица, вклучувајќи 343 пожарникари и 60 полицајци.
Њујорк денеска ја одбележува 19-годишнината од терористичките напади во длабока криза, со зголемена стапка на криминал, бројни напуштени станови и затворени продавници и бездомници на секој чекор, што е предмет на политичка битка со владата пред претстојните претседателски избори.
Поради пандемијата на коронавирусите, семејствата на жртвите нема да можат да одржат говори како претходните години, туку ги снимија своите прогодни зборови. Но, затоа ќе можат да се соберат на местото на настанот, со задолжително носење маски и почитување на далечината. На 11 септември, Националниот меморијален центар и музеј за првпат од почетокот на пандемијата ќе бидат отворени. сд/
Речиси десет години подоцна, во 2011 година, американските сили го убија лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, во Пакистан во операција одобрена од тогашниот американски претседател Барак Обама, потсети Индекс.хр.
Њујорк денеска ја одбележува 19-годишнината од терористичките напади во длабока криза, со зголемена стапка на криминал, бројни напуштени станови и затворени продавници и бездомници на секој чекор, што е предмет на политичка битка со владата пред претстојните претседателски избори.
Поради пандемијата на коронавирусите, семејствата на жртвите нема да можат да одржат говори како претходните години, туку ги снимија своите прогодни зборови. Но, затоа ќе можат да се соберат на местото на настанот, со задолжително носење маски и почитување на далечината. На 11 септември, Националниот меморијален центар и музеј за првпат од почетокот на пандемијата ќе бидат отворени.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок