Македонија
12. јуни 2021 - 9:47

189 сообраќајни прекршоци на територијата на град Скопје, 58 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, шест за управување под дејство на алкохол.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 21 прекршок што го чинат возачите на мотоцикли, шест за нерегистрирани возила, 53 санкции за непрописно паркирање.  
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.