Македонија
6. July 2021 - 9:54

185 санкционирани возачи на територијата на град Скопје, 52 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 15 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 19 за возење без возачка дозвола.  

Изречени се четири санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, четири за нерегистрирани возила, пет за недавање првенство на минување на пешаци, 52 санкции за непрописно паркирање.  

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.