Македонија
14. November 2021 - 16:39

185 санкции за брзо возење во СВР Тетово

Денеска (14.11.2021) во периодот од 10.00 до 15.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 185 возачи. Од нив 73 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 49 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.