-->
-->
183 санкционирани возачи во Скопје, 58 за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите