Македонија
8. November 2017 - 16:50

18 месеци затвор доби Горан Грујевски во случајот ТВРДИНА 2

Затворска казна од 1 година и 6 месеци заработи екс-началникот на Петтата управа Горан Грујевски првообвинет за уништување на документација поврзана со незаконското прислушување. За останатите 6 вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање обвинети во предметот Тврдина 2 на Специјалното обвинителство, Кривичен изрече условни казни затвор.

 Ова е прва судска пресуда за предмет кој го застапува СЈО. Специјалното обвинителство е задоволно од осудителните пресуди, но не ја исклучува можноста да поднесе жалба до повисокиот суд.

- Денеска СЈО ја доби првата пресуда. Обвинетите се осудени, а ваквата пресуда беше според нашите очекувања. Ние сме задоволни, но ќе ја почекаме пресудата и ќе ги разгледаме аргументите на судот, па ќе одлучиме дали ќе се жалиме – рече Ристоска.

 Жалби до Апелација најави одбраната на Грујевски. Тие и натаму тврдат дека во овој предмет не постои кривично дело и дека Специјалното обвинителство не е надлежно да го застапува ова обвинение.

- Очигледно со судот имаме различна диоптрија на гледање на работите и на начинот, односно објектот на заштита кој може да биде предмет на ова кривично дело и од тие причини ние ќе поднесеме жалба на овие околноси и на околностите околу надлежноста која ја оспоривме во текот на завршниот збор“, истакна Шврговски.

Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски и натаму се наоѓаат во екстрадициски притвор во Грција, каде на 1 декември ќе им се суди за употреба на лажни патни исправи. По враќање во земјава, Грујевски има законско право да бара повторување на целиот судски процес за Тврдина 2, кој се одвиваше во негово отсуство.

Од МВР попладнево потврдија дека и Грујевски и Бошковски се суште вработени во УБК, но нивните работни позиции се ставени во мирувањ е и тие не зенаат плата. Во работен однос се и шесте осудени службенички за кои во мај годинава била затворена дисциплинската постапка.