Македонија
26. September 2016 - 14:42

18-годишна девојка облеана во крв донесена на Ургентен во Скопје

Петнаесетина минути пред 23 часот, синоќа на улицата „Никола Вапцаров“ во Кочани, се случила сообраќајна незгода во која возило марка  „БМВ“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Г.М. од селото Прибачево, штипско, удрило во потпорен ѕид. Во возилото имало уште четири лица, од кои три се здобиле со телесни повреди и биле задржани на набљудување во Здравствен дом Кочани.

Со повреди на главата со крварење од нос, уста и ушите се здобила сопатничката Г.Г. (18) од Кочани, која со Итна медицинска помош  била пренесена во Ургентен центар Скопје, каде била задржана на понатамошно лекување.

Увид извршила увидна екипа од полицијата.