Македонија
4. November 2017 - 18:11

18 години валандовска ракијада

Валандовските лозари веќе 18 години крајот на сезоната го одбележуваат со манифестација посветена на грозјето и традиционалната домашна ракија. Така беше и годинава,  со тазе печена ракија, вкусни специјалитети и македонска песна симболично го означија крајот на гроздоберот, но и ги покажаа нивните вештини во варењето ракија. Годинава учествуваа 40 мајстори кои од дваесетте казани добија околу 400 литри ракија за чиј квалитет велат дека најважно било доброто грозје.

,, Од колено на колено тоа се пренесува, од генерација на генерација. Најбитно според мене е да биде добро грозјето, квалитетно, да има добро кумиње, добро да се чува, да се меша.,, вели Марјан Белчевски – учесник на ракијада 

,, За ракијата валандовска е потребно убаво грозје, добра година како оваа и кумиењто да биде во убави дрвени бочви.,, рече Васил Пиндеров – учесник на ракијада

За градоначалникот на општина Валандово  оваа манифестација е важна бидејќи со неа не само што се чува и негува традицијата, туку истата придонесува и за промоција на целиот регион.

,, Оваа е многу важна манифестација пред се од земјоделско и од културолошко значење и за Валандово и за Република Македонија. Јас се надевам дека од година во година ќе ја правиме се подобра и помасовна.,, рече Перо Костадинов – градоначалник на општина Валандово

Валандовска ракијада беше повод и за средба помеѓу лозарите и ресорниот министер  Љупчо Николовски кој најави континуирана поддрша и во иднина.

,, Владата дава големо значење токму на овие земјоделски култури. Ги зголемивме субвенциите за 10% по хектар за лозови насади уште во првите 100 дена,  уште за првата година од нашиот мандат, ги исплативме лозарите девет милиони евра во еден ден, ги исплативме заостанатите обврски на државата кон винариите.,, рече Љупчо Николовски – министер за земјоделие

Николовски најави дека многу наскоро, односно веднаш откако ДИК и официјално ќе инфрмира за завршувањето на изборниот процес ќе запчне исплатата на дополнителните два денари поддршка за лозарите.