Македонија
11. September 2019 - 16:33

18 години од терористичките напади во САД, крводарителска акција во амбасадата на САД

Амбасадорката Брнз денеска,  и самата, со донирање крв,  се приклучи на крводарителската  акција организирана  по повод 11 септември. Традиционално, американската амбасада на овој датум  со  дарување крв  го одбележува ден кога терористите на Ал КАеда ги нападнаа САД,

-На овој ден  се секаваме дека речиси 3 000 лица ги загубија животите...Веке 11 години нашата амбасада зеаедно со  колегите и пријателите од цела Северна Македонија ја организираат оваа годишна акција......

Генералниот секретар на црвениот крст Саити им заблагодари на сите крводарители и донатори кои со години учестваат во оваа акција.

-Чувтсвото дека помагаш и даваш поддршка сите не прави големо личности. Токму такви се 2200 дарители кои изминативе 10 години на овие акции дарувале крв....

Иако амбасадорката и преставниците на црвенот крст упатија апел за  хуманост и донирање  крв, никој од присутните македонски политичари не се приклучи на акцијата, напуштајки го настанот веднаш по говорот на амбасадорката.   

Денеска навршуваат 18 години  од терористичкио напад  врз Вашингтон и Њујорк. Трагичниот 11 септември ке се одбележи со комеморација на која ке учествуваат престедателот Трамп и потпретседателот Пенс.