170 стечајци од Штип останаа без надомест, ги обвинуваат газдите | Сител Телевизија
Бизнис
24. May 2018 - 19:48

170 стечајци од Штип останаа без надомест, ги обвинуваат газдите

270 позитивни и 170 негативни решенија за штипските стечајци, одлучила Агенцијата за вработување. Најголемиот дел од одбиените стечајни работници добиле идентични решенија, дека не ги следува стечаен надоместок затоа што самоволно го напуштиле работното место.  Тие велат дека се изиграни од тогашните работодавачи и дека им се фалсификувани документите.

-Останав на боледување и ми дадоа отказ, а овде пишува дека самоволно, по моја вина, сум ја напуштила работата-изјави стечајна работничка од Штип.

-Никаде не сум јас, самоволно да изразам желба да напуштам (работно место), тие не отпуштаа. Ќе ни речеа, „доволно е толку, немаме потреба повеќе за работа, вели друга.

-Моето име го пишува таа (работодавачот), а јас што се потпишувам, тој потпис не е истиот, изјави уште една стечајна работничка.

-За жал, морам да кажам дека работникот е секогаш изигран. Тоа е работа на газдата, кој напишал дека самоволно напуштиле, тоа не е точно-изјави Кемеледин Арсланов, претседател на „УНИТ“ од Штип.

Во однос на должината на работниот стаж, исто така има одредени несовпаѓања на податоците во различни институции.

-Од пензиско имаат 20 и кусур години, а таму во Агенцијата излегува дека немаат ниту 15, изјави

Инаку, досега, на ниво на држaвата, право на стечаен паричен надоместок им е доделено  на 5260 лица.