Бизнис
21. November 2018 - 16:27

170 милиони евра од буџетот за 2019. за земјоделството

Земјоделстовото во следната година ќе добие 170 милиони евра. Фокусот на предлог-буџетот е на навремената исплата на субвенциите, за што Платежната агенција ќе добие најмногу од колачот. Ќе се зголемат и парите за капиталните инвестиции. Меѓу приоритетните се Проектот за наводвнување на Јужно Вардарската долина, вреден 3 милиони евра, и хидросистемот Лисиче над 430 илјади евра.

За хирдосистемот Злетовица за наредна година, сумата за реализација е зголемена на 212 милиони денари. Секако, од големо значење се и другите крупни капитални инвестиции за кои што се обезбедени пари преку Платежната агенција, како што се изградба на браните Конско, изградба на системот за наводнување Равен Речица, рехабилитација на пунктната станица Дебар, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Од следната година ќе се менува начинот на субвенционирање. Министерстовото планира прилагодување со праксата од Европската унија.

Од следната година, земјоделците ќе добијат и зелена нафта. Министерството ја усвои мотедологијата колкав износ за кофинансирање ќе добијат земјоделците во зависност од културата но и земјоделската површина.

Николовски вели, анализите покажуаат оти мерките за јаболката даваат резултати. За откуп на индустриското јаболко државата дава 3 денари за килограм, кои завршуваат кај земјоделците. За еден месец откупени се 20.000 тони индустриско јаболко. Оваа мерка трае уште еден месец.

Крајната цел на сите мерки планирани со буџетот за следната година е да се создадат услови за поголемо и поконкурентно производство и повисоки приходи за земјоделците.