Македонија
15. May 2020 - 19:58

17 новозаболени, двајца починати и 16 оздравени од корона вирус

До вчера на ниво на Македонија регистрирани се вкупно 1723 случаи на пациенти кај кои е утврдено присуство на корона вирусот.  95 од нив починале, а 393 се водат како активни случаи. 1235 пациенти успеале да го победат вирусот и нив, јавното здравство ги води како излечени иако, многумина никогаш воопшто и не биле болни и само асимптоматски го носеле вирусот. 

Овие бројки се добиени од спроведени вкупно 20.088 тестови. Ако претпоставиме дека за еден човек се користел само еден тест тогаш пресметките кажуваат дека 8,5% од оние кои што биле тестирани биле инфицирани со корона вирусот. 

Сега некој веднаш ќе се обиде да ја аплицира пресметката на 2 милиони жители, односно на цела Македонија па ќе се добие бројка дека има над 170.000 инфицирани лица, но овој податок не би бил точен, бидејќи, во Македонија се тестираат само сомнителни случаи, што значи дека оваа бројка во реалноста е далеку помала. 

Ако се направи анализа на половата структура на пациентите, бројките покажуваат дека повеќе се заразуваат мажите, бидејќи 52,4% од вкупниот број на регистрирани случаи се мажи, а 5 процентни поени помалку се жени.

Според возраста на пациентите се гледа дека помладите пациенти помалку се заразуваат, но тоа важи само до 30 години. Понатаму, нема некоја разлика во бројот на заболени кога ќе се поделат според нивната возраст. 

Како што веќе кажав направени се вкупно над 20.000 тестови. Вака изгледа кривата на направени тестови распределена по денови. Најмногу тестови, во еден ден се направени на 25 април, 728 теста во еден ден. Тој период кон средината на април може да се каже дека е пикот по бројот на направени тестови бидејќи дневно се правеле по повеќе од 500 тестови во просек.

На оваа страна од екранот ќе ја видиме кривата на инфицирани пациенти по денови. Пикот, ако може тоа така да се каже го регистрираме на 16 април кога во еден ден се регистрирани 107 инфицирани пациенти. 

Овде се поставува прашањето, дали ние воопшто може да зборуваме за крива на заразени и пик. За да може да направите крива на заразени потребно е да имате константи вредности. Но во оваа анализа ние немаме ниту еден константен податок, бидејќи секој ден, се прават различен број на тестови кои очигледно даваат различен број на инфицирани случаи.

Овде ќе ги поврземе кривата на регистрирани пациенти кај кои е принајден вирусот КОВИД 19 и бројот на тестови. Без многу да се анализира, само од графичкиот приказ, може да се забележи дека линијата на инфицирани или како што ги нарекуваат заболени пациенти безмалку совршено ја следни линијата на спроведени тестирања. Од тоа, може многу лесно да се заклучи, дека бројот на т.н. болни пациенти е во директна зависност од бројот на спроведени тестови. Па така, ако се решиме на пример утре да спроведуваме по 1000 тестови на ден, веројатно ќе имаме нов скок на бројот на инфицирани случаи или ако како сега, почнеме да го намалуваме бројот на тестови, очекувано е дека ќе имаме помал број на регистрирани случаи. Ултимативно, ако утре не спроведеме ниту еден тест, сигурно е дека ќе имаме 0 нови случаи. 

Во последниве неколку дена може да се забележи дека се прават анализи и на процентот на регистрирани случаи изваден од вкупниот број на спроведени тестови во тој ден. Но овде, има мал методолошки проблем, бидејќи резултатите од тестовите не излегуваат веднаш и за нив се чека и по неколку дена, па статистиката за пациенти тестирани и пред 3 дена и пред 5 дена, може да ја добиеме денеска. 

Но, ако се решиме да го анализираме и овој податок тогаш пикот го имаме на 16 април кога над 16% од тестираните биле позитивни. Најниското ниво го имаме по првомајските празници на 3 мај кога од 249 теста се регистрирани само 5 позитивни случаи што е некаде околу 2%.

Бројот на починатите пак е сосема друг аспект на оваа анализа. Под претпоставка дека сите овие до вчера 95 починати пациенти починале поради компликации од корона вирусот добиваме некоја стапка на смртност од 5.5%.

За да видиме што значи оваа смртност како статистички податок, од државниот завод за статистика побаравме вкупни бројки на починати во првите три месеци од последните 3 години. 

Со оглед на тоа дека кај нас официјално вирусот прв пат го дијагностициравме на крајот на февруари, а се уште е отворено прашањето дали вирусот го имавме уште во декември и јануари, еве ги бројките. 

Од она што може да се забележи е дека во 2020 година во јануари сме имале за 200 луѓе вкупно повеќе починати од Јануари во 2018 и 2019. Во февруари гледаме драстичен пад на бројките од околу 500 лица помалку починати оваа година во споредба со вкупната бројка од претходните години. 

И конечно, во март, оваа година имаме најмал број починати во споредба со претходните две години. Во споредба со 2018 бројката е за 339 помала а во споредба со претходната година, овој март вкупно во Македонија починале 700 лица помалку. 

01-2018- 1155

02-2018-1708

03-.2018-1439

01-2019-1114

02-.2019-1764

03-2019-1792

01-2020-1355

02-2020-1257

03-2020-1100