Македонија
14. August 2019 - 16:18

17 годишно момче почина по убоди од нож, напаѓачот приведен

Трагите од крв говорат за тепачката  која, заврши кобно за 17 годишниот малолетникот кој со нож бил избоден до смрт. Несреќата се случила половина час по полноќ,  во Ново Лисиче, каде група тинејџери седеле на клупите во Паркот на музиката. Двајца од нив-починатиот и напаѓачот, од засега непознати причини прво почнале да се расправаат, а потоа и да се тепаат. Во еден момент напаѓачот извадил нож и го ранил својот противник. Подоцна тој завршил во полициска станица, а ранетиот во болница каде што им подлегнал на повредите.

Несреќата ги вознемири жителите од околните згради. Оние кои го познавале момчето од населба, го опишаа како мирен и примерен тинејџер.

Дел од жителите и денес, вршејќи си ги своите дневни обврски, застануваа на местото на несреќата, гледајќи ги траги од крв се прашуваа што точно се случило.

Од МВР велат дека напаѓачот се наоѓа во полициска станица, а во координација со Обвинителството, чекаат одлука за притвор на момчето, поради опасност од бегство.