Македонија
19. December 2019 - 13:41

17-годишните близначки Теона и Тиана Вучеви од Битола со неверојатен талент за цртање

Почнале да цртаат од многу мала возраст, а талентот им го открил нивниот дедо кој почнал да им купува боички. Заради љубовта кон спортот, особено кон фудбалот, тие почнале со цртање на спортисти. Во иднина сакаат цртањето да им биде хоби од кое ќе заработуваат.