Македонија
15. August 2020 - 16:50

17-годишен малолетник од с. Мојанце е лицето кое се снимаше додека предизвикува пожар во шума

17-годишен малолетник од скопско Мојанци е пироманот кој на социјалната мрежа Тик Ток се пофали како пали шума. Од МВР велат дека момчето во полициска станица го признало делото и против него веќе поднеле кривична пријава.

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување вели дека годинава бројот на пожари споредбено со лани, е многу помал. Една од причините за оваа позитивна вест, е зголемената фреквентност на луѓе во природа, па пироманите не се осмелуваат да палат, вели Џаферовски.

И од  скопската противпожарна бригада потврдија дека бројките годинава се подобри.Односно од јануари до јули, имало 700 пожари или 300 помалку, споредбено со лани во истиот период од годината кога пожарникарите имале над 1000 интервенции.