Македонија
12. August 2018 - 16:54

17 години по Охридскиот договор за граѓаните политиката е виновна за поделбите

Рамковниот договор потпишан во 2001-та година го оконча конфликтот во  Македонија и  побуди  надеж за градење на граганско општество и мултиетничка толереанција. 17 години подоцна охридскиот документ се уште преставува основна рамка во која се движи нашето општетсво. Во изминатиот период се донесени повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања  за имплeментацијата на договорот, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта. И додека мегународната Заедница и повекето политичари од македонскиот и албанскиот политички блок  и натаму веруваат во догворот како  основна рамка во која треба да се движиме како  држава, граганите сметаат дека за вистинска толеранција мегу двете заедници треба многу повеке да се работи .

Доворот кој беше потпишан од тогашниот претседател  Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери и донесе мир на Макаедонија.  Но сега земјата е исправена пред нови предизвици тврдат актулените политичари. Вицепремиерот Османи  во најавата за утрешното одбележување на потпишувањето на Охридскиот догвор порача дека по внатрешната интеграција следува надворешната во НАТО и ЕУ.  По тој повод ќе се организира и тематскипанел на тема Патот до Брисел преку Охрид, на кој  исвен премиерот Заев и претседтлеот на ДУИ  АХмети, ќе учествуват бројни странски гости.