Македонија
13. August 2018 - 16:31

17 години од рамковниот договор - Патот кон Брисел води преку Охрид

Охридскиот рамковен договор го помина тестот на времето, сметаат  Заев и Ахмети. Тие се согласија дека 17 години по   потпишувањето на рамковцниот документ, Македонија излезе од изолираноста и го напушти патот на насилство. А сега пред земјата се нови предизвици, интеграцијата во ЕУ и НАТО.

 Ахмети, спомнувајки се на 2001-ва,  се заблагодари на НАТО без чиј ангажман како што рече немаше да има мир во земјата.

-Алијансата  одиграла голема улога во спречувањето на натамошното проширување на конфликтот во Македонија и додаде дека и тогаш имало струи и земји кои не сакале Македонија да биде стабилна и да оди напред, но прогресивните сили издвојувале победа, рече ахмети

Претставничката на ВМРО ДПМНЕ Дафина Јовановска Стојановска на денешниот панел посветен на охридскиот договор се запташа дали навистина беше потребна војна за да се постигне еден ваков догвор. Таа потенцираше дека е  време политичарите да се посветат на економијата и справувањето со корупцијата.

Странските гости на панелот посочија дека земјава многу напреднала во последниве две децении. Поранешниот командант на НАТО во Македонија, британецот Берни Вајт Стунер истакна дека договорот бил огромен успех кој придонел да се избегне крвопролевањето  и да го отвори  патот кон интеграција во мегународните структури. Тој посочи дека  стабилноста на Македонија  е значајна за регионот,  но и за иднината на Европа .